„Ќе најдеме важни цели, ќе ги погодиме прецизно и силно“, што ќе преземе Израел по иранскиот ракетен напад?

Израел ќе одговори на иранскиот ракетен напад и израелските вооружени сили можат да погодат која било точка на Блискиот Исток, изјави денеска началникот на Генералштабот на израелската армија Херзи Халеви.

„Ќе одговориме. Можеме да најдеме важни цели и да ги погодиме прецизно и силно“, насгласи Халеви од воздухопловната база во централен Израел.

Либанската група Хезболах соопшти дека уништила три израелски тенкови Меркава со противтенковски наведувани проектили во либанскиот пограничен град Марун Ел Рас, јавија западни медиуми

Израелската војска соопшти денеска дека нејзините борбени загуби во јужен Либан се зголемиле на осум додека се судриле со борците на Хезболах откако ја преминале границата за да ги таргетираат позициите на групата.

„ИДФ (израелската армија) објави дека загинаа уште седум војници“, се вели во соопштението по објавувањето на смртта на првиот војник во Либан претходно истиот ден.

Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска изјави дека на земјата и треба итен прекин на огнот за да се запре засилените судири меѓу Израел и групата Хезболах. Тој истакна дека околу 1,2 милиони цивили се раселени низ Либан поради израелските напади.

„Престанете со борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување… Има итна потреба од прекин на огнот “, рече Микати на брифингот организиран од американска лоби група за Либан.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го осуди денеска ракетниот напад на Иран врз Израел, нагласувајќи дека смртоносниот циклус на насилство мора да заврши.

„Времето истекува“, рече тој на седницата на Советот за безбедност на ОН.

„Повторно силно го осудувам вчерашниот масовен напад врз Израел од Иран“, рече Гутереш.

Претходно денеска израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави дека му забранува на Гутереш да влезе во земјата бидејќи „недвосмислено“ не го осудува иранскиот ракетен напад врз Израел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот