„Ќе го решам конфликтот уште пред инаугурацијата“: Трамп по средбата со Зеленски во Њујорк

Поранешниот американски претседател и кандидат за нов мандат, Доналд Трамп, денеска се сретна со украинскиот лидер Володимир Зеленски во Њујорк и рече дека доколку победи на претседателските избори, ќе се обиде да најде „добро“ решение за украинскиот конфликт за двете страни дури и пред инаугурацијата на 20 јануари.

– Мислам дека, ако победиме, многу пред 20 јануари, кога и официјално ќе станам претседател, ќе најдам добро решение за двете страни. Дојде време – рече Трамп на самиот почеток на средбата, која беше отворена за медиумите.

Само ден претходно, Трамп рече дека Украина „требала да направи отстапки кон Русија пред нападот во 2022 година“.

Тој рече и дека во случај да победи на изборите е подготвен да соработува со демократите за да се реши украинската криза.

Инаку, Трамп се согласи да се сретне со Зеленски откако украинскиот претседател му испрати писмо во кое изрази желба за средба.

Трамп во предизборната кампања го критикуваше Зеленски нарекувајќи го „трговец“, бидејќи „секоја посета на украинскиот претседател на Америка завршува со мултимилионска помош од Вашингтон за Киев“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот