Ќе чади во Париз: Раперот Снуп Дог е еден од носителите на олимпискиот факел

снуп дог
Снуп Дог / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Американскиот рапер Снуп Дог е најавен како еден од последните носители на олимпискиот оган пред свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Познатиот американски рапер ќе го носи факелот низ улиците на Сен Дени на северот на Париз, каде што се наоѓа олимпискиот стадион „Стад де Франс“.

Делот Сен Дени е претпоследниот дел од патеката на пламенот пред штафетата да заврши кај Ајфеловата кула.

Олимпискиот факел ја помина територијата на Франција, а од почетокот на своето патување во мај го носеа многу познати личности, меѓу кои и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, возачот на Формула 1, Шарл Леклер и актерката Хали Бери.


Снуп Дог, чие полно име е Калвин Кордозар Бродус Јуниор, е роден во Лос Анџелес, градот домаќин на Игрите во 2028 година.

На американскиот рапер во Сен Дени ќе му се придружат колегите, меѓу кои француската актерка Летиција Каста и францускиот рапер Ем Си Солар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот