Кина има голем план за Хуавеи кој веќе почна да се реализира

Фото: EPA-EFE/ALI HAIDER

И додека неодамнешните лансирања на паметни телефони на Хуавеи беа внимателно следени за знаци на напредок во синџирот на снабдување со чипови во Кина, компанијата тивко се специјализира во секторите клучни за визијата на Пекинг за технолошка самодоволност во областите од оперативни системи до софтвер за возила.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ѝ рече на партијата минатата година дека Кина мора да води тешка битка за локализирање на оперативните системи и другите технологии „што е можно поскоро“, бидејќи САД го ограничуваат извозот на напредни чипови и други технолошки компоненти.

Софтверот ОпенХармони на Хуавеи сега нашироко се промовира во Кина како „национален оперативен систем“ поради загриженоста дека другите големи компании би можеле да бидат отсечени од Виндоус и Андроид производите на Мајкрософт, на кои се потпираат многу системи.

ХармониОС на Хуавеи, внатрешна верзија на оперативниот систем на компанијата, го надмина иОС на Епл во првиот квартал и стана вториот најпродаван мобилен оперативен систем во Кина по Андроид, според истражувачката компанија Каунтерпоинт. Системот не е опремен на паметни телефони надвор од Кина.

Хуавеи веќе нема контрола врз системот ОпенХармони, според внатрешен меморандум и други обелоденувања, бидејќи го донирал својот изворен код на непрофитната фондација ОпенАтом уште во 2020 и 2021 година.

Сепак, и центарот за иновации и владините документи честопати се однесуваат на ОпемХармони и ХармониОС како дел од поширокиот екосистем на Хармони. Растот на ХармониОС, кој се очекува да биде претставен во верзија за компјутер оваа или следната година, ќе го поттикне воведувањето на ОпенХармони, според аналитичарите.

„Хармони создаде моќен основен оперативен систем за иднината на кинеските уреди“, рече Ричард Ју, претседател на бизнис групацијата за потрошувачи на Хуавеи.

Хуавеи првпат го претстави Хармони во август 2019 година, три месеци откако Вашингтон го стави под трговски ограничувања поради наводни безбедносни грижи. Хуавеи негира дека неговата опрема претставува ризик.

Оттогаш, Кина ја засили својата инвестиција во самодоволност, отсекувајќи се од главниот центар за споделување кодови Гитхаб и притискајќи за локална верзија на Џити.

Во 2014 година, Кина ја забрани употребата на Виндоус на владините компјутери и тие сега користат претежно оперативни системи базирани на Линукс.

Мајкрософт заработува само околу 1,5 отсто од приходите од Кина, изјави претседателот на компанијата.

ОпенХармони беше најбрзо растечки оперативен систем со отворен код за паметни уреди минатата година, со повеќе од 70 организации кои придонесоа во неговата изградба и повеќе од 460 хардверски и софтверски производи изградени во финансиите, образованието, воздушната индустрија и други гранки, објави Хуавеи во својот годишен извештај за 2023 година.

Целта на софтверот со отворен код е да го повтори успехот што Андроид го постигна со својата пристапност со елиминирање на трошоците за лиценцирање за корисниците и давање на компаниите приспособлива отскочна штица за нивните сопствени производи, рече заменик-менаџерот на Центарот за иновации на екосистемот Хармонија, Чарли Ченг.

„Хармони дефинитивно ќе прерасне во водечки оперативен систем и ќе му даде на светот избор на нов оперативен систем. Кина учи од Западот“ вели Ченг.

Повеќе од 900 милиони уреди, вклучувајќи паметни телефони, часовници и системи за автомобили, работат на ХармониОС, додека 2,4 милиони програмери кодирале во екосистемот, рече Ју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот