Килограм смокви на хрватските пазари чини 20 евра, за трговците тоа се нормални цени?

Фото: Профимедиа

Продавачите на хрватските пазари се лутат на оние граѓани кои се обидуваат да ги сликаат цените на зеленчукот и на овошјето. „Или купи или остави“, велат тие. А, цените не се мали.

„Дали е скапо? Порано одевме во Трст по намирници, но потоа се смени пред неколку години. Последниве две години повторно одиме таму по намирници. Не затоа што има повеќе избор, туку поради цените“, одговара мештанин на прашањето дали цените на море се превисоки за локалното население на хрватското приморје.

Килограм боранија чини исто колку три килограми свинско филе? На задарскиот пазар килограм праски чини 4 евра, цреши се продаваат за 7 или 8 евра.

„Да, ни се допаѓаат овие туристи. Доаѓаат и купуваат една шака цреши за едно евро. И го прашувам, од каде е? Вели дека е од Австралија, а кај нив црешите чинеле 48 долари. Не знам дали добро го разбрав, па прашувам колку се смоквите, ми вели 14 долари. но дека нивните се поголеми. Не знам дали ме зафркава или не, но не ми е грижа“, објаснува еден продавач во Задар, пренесува Вечерњи лист.

Пазарот во Ровињ традиционално има цени за оние со подлабок џеб во последните неколку години. Килограм тиквички чини три евра, а за килограм домашен ситен компир мора да се издвојат две евра. Домашните домати се продаваат за четири евра. Мини домати, секако уште поскапи. За четири евра се добива половина килограм. Смоквите се продаваат за 20 евра. Но, нивната сезона само што почнува. Можеби ќе поевтинат со текот на времето. „Ова се нормални цени“, објаснуваат продавачите на коментарите дека е скапо, рапортира Н1 Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот