Кијану Ривс пристигна во Србија: Му спремија српска гозба, а тој со скромна листа на желби пред концертот со својот бенд

Кијану Ривс / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Холивудската ѕвезда Кијану Ривс, денеска пристигна во Крагуевац, Србија да одржи концерт како гитарист на својот бенд „Догстар“.

Имено, актерот пред концертот во рамките на „Арсенал фест“ имал одредени барања, таканаречената рајдер-листа. Како што пренесуваат српските медиуми, таа е многу скромна, што не е случај кога се во прашање ѕвезди од неговиот калибар.

„Мислам дека ова е еден од поскромните листи што лично сум ги прочитала. Во суштина, првото нешто е дека сè треба да е чисто, без разлика дали е чист мраз, чист тоалет или чиста соба, тоа им е најважно. Интересно е што, за разлика од некои рок-бендови, тој бара безалкохолно пиво и ладно саке, кој е јапонски пијалак и вообичаено не се наоѓа н ваквите листи. Овошје и сè останато, како и кокосовата вода, која веќе стана стандардна на листите, може да се најдат на продажба овде. Сè друго е повеќе од обични барања, повеќе од скромно. Да има чисти пешкири…“, изјавила Маја Цветковиќ, организаторка на „Арсенал фест“ за емисијата „Експлозив“.

Таа додала дека главна ставка за нив е безбедноста. Тој е свесен дека таму мора да е зголемена безбедноста, со што ќе има некои негови луѓе и некои од мештаните.

Самите домаќини од Крагуевац се подготвија за светската актерска ѕвезда. Во еден ресторан откриле што би му понудиле на Ривс за оброк доколку реши да дојде кај нив како гостин на традиционална српска гозба.

„Пред сè, акцентот ќе биде ставен на храната од Шумадија. Овде ништо не оди без добро мезе, домашно лепче, сармиче… Штета што не доаѓа во зима, па да го пречекаме со пивтија, коленици, топла ракија, што е нашиот чај… И, се разбира, ништо не може да се случи овде без свинско. Дефинитивно ќе му подготвиме пита, така да почнеме. Пребранац, јагнешка сарма, сето тоа убаво ќе го приготвиме“,  истакнал сопственик на познат ресторан во Шумадија.

Колку е голем интересот за доаѓањето на Ривс во Србија покажува и фактот што свештенството на црквата Свети Сава изрази желба актерот да ја посети православната црква. Организацијата му ја пренела оваа интересна желба, но сè уште не се знае дали тој ќе има време да ја реализира оваа посета.

ФОТО | Секогаш свој, непроменет од славата: Кијану Ривс се прошета со шноли на главата низ Берлин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот