Ќерката на Џорџ Флојд стана акционерка: Барбра Стрејсенд ѝ подари акции од „Дизни“

EPA/Instagram

Американската пеjачка и глумица Барбра Стрејсенд (78) ѝ подари акции од компанијата „Волт Дизни“ на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд, човекот што беше убиен од полицаец при апсење.
Малечката Џана Флојд објави фотографија на Инстаграм, на која во раката го држи сертификатот дека сега веќе е акционер во компанијата.

– Ти благодарам, Барбра Стрејсенд, за пакетот акции! Сега сум акционер во „Дизни“ благодарение на Вас – гласи натписот под фотографијата.

Освен сертификатот, девојчето доби и два примерока од албумите на поп-пејачката со посвета – „Моето име е Барбра“ (My Name Is Barbra) и „Обој ме Барбра“ (Color Me Barbra).

Претходно и американскиот рапер Канје Вест даруваше пари на семејството на Флојд. Од друга страна, пак, списанието „Варајети“ пренесе дека на Џана ѝ е обезбедена целосна стипендија за на Тексашкиот универзитет во родниот град Хјустон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот