Ќе биде ли ковид-19 професионално заболување за сите работници?

Работници во текстилна фабрика / Фото: СП. архива

Министерството за здравство, треба сериозно да размисли за можноста и на лицата кои го прележале вирусот и се во постковид период, да им овозможи да добијат барем неколкунеделно боледување, предлага Арбен Таравари, невролог и поранешен министер за здравство. Како паталец и од свое лично искуство, Таравари за „Слободен печат“ објаснува дека и тој морал веднаш да се врати на работното место, откако го прележал вирусот во декември лани, а последиците од болеста, ги чувствувал подолг период.

Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачите за „Слободен печат“, објаснува дека на матичните лекари не им е забрането да отвораат продолжени боледувања, доколку за тоа има потреба.

-Има разни случаи, некои ја минаа болеста релативно лесно, а други ги чувствуваат последиците подолго време. И ние имавме такви случаи, кога на оздравените работници, им требаше подолг период да се вратат во кондиција. Тие се жалеа на замор и беа прилично забавени, а сето тоа влијае врз нивната продуктивност– додава Димитров.

Платено боледување во моментов, се добива само ако сте болен или во самоизолација и тоа не е со иста висина во јавниот и приватниот сектор. Имено, вработените во јавниот сектор, земаат стопроцентна плата доколку се на боледување или во изолација, а во приватниот сектор, за боледување се добива од 70 до 90 отсто од платата во зависност од отсуството од работа. За ова реагираат синдикатите и граѓанските здруженија.

За отворање на ново боледување, или за продолжување на боледувањето, пациентите треба да се јават на преглед кај матичниот лекар. Матичниот лекар може да издаде боледување до 15 дена (наместо до 7 дена). 

-Привремената спреченост за работа на осигуреникот, избраниот лекар, односно Првостепената лекарска комисија може ретроактивно да утврди или продолжи, само за заболување предизвикано од ковид 19, а ова ќе важи до престанување на мерките за спречување на ширењето на заразата – информираат од ФЗО. 

 

За вработените лица кои се заболени од корона вирус, со oбразец само врз основа на позитивен ПЦР тест, надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства.

Актуелно, ковид-19, се третира како професионално заболување само за медицинските лица, лицата кои работат со заразени материјали и сличен персонал, а Македонското здружение за заштита при работа, бара ваквата квалификација да се прошири на сите вработени во државата. На тој начин, оние кои ќе заболат на работното место нема да добиваат помала плата, затоа што не доаѓаат на работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот