Казнети 146 возачи во Скопје

Сообрќајна полиција / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Полицијата во текот на вчерашниот ден казнила 146 возачи во Скопје.

Како што информираат од МВР, биле изречени 15 санкции за брзо возење, четири мерки за некористење сигурносен појас, три за користење на мобилен телефон при возење и исто толку за минување на црвено светло. Санкционирани биле и пет возачи кои возеле нерегистрирани возила.

Изречени биле 43 санкции за прекршоци што ги направиле возачи на мотоцикли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот