Казна од 20.000 евра за сопственик на два папагали, бидејќи им ги пресекол крилјата за туристи да се сликаат со нив на Халкидики

Фото: Animal Rescue and Defence Squad / Printskrin / Facebook

Два папагали од видот Макао со пресечени крилја се наоѓале на плажа во Пефкохори на Халкидики со цел туристи да се фотографираат со нив. По спроведена акција, сопственикот бил казнет со 20.000 евра, а папагалите одземени.

Веста на социјалните мрежи ја објави групата волонтери за спасување и заштита на животни „Animal Rescue and Defence Squad“, пишува „Грик репортер“.

Според организацијата, во акцијата учествувале полициски службеници од одделот на Касандриа, Шумската служба Халкидики и општина Касандра.

„Со беспрекорна соработка на сите нас, по наредба на обвинителот, отстранети се два папагали макао кои се користеа за профит на плажата на Пефкохори. Поднесена е тужба за услови за социјална заштита и пасивно малтретирање и по наредба на обвинителот во Халкидики животните се отстранети и секако се изречени административни казни предвидени во член 14 од 4830/2021 во износ од 20.000 евра“, се наведува во соопштението на организацијата за заштита на животни.

„Да се надеваме дека ќе помогнеме да се намали феноменот на користење на животни за профит“, додале од „Animal Rescue and Defence Squad“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот