Каспер Шмајхел: Фудбалот и здравиот разум денес не одат заедно

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Учеството на фудбалската репрезентација на Данска на Европското првенство заврши во саботата. Кристијан Ериксен и неговите соиграчи беа поразени од домаќините – Германија, со резултат 2:0.

Најдобар впечаток во редовите на Данците остави закоравениот чувар на мрежата – Каспер Шмајхел, кој по поразот не успеа да го сокрие незадоволството од судиските одлуки и примената на ВАР технологијата.

Прво на Данците им беше поништен гол, а потоа само пет минути подоцна беше досуден пенал за Германците.

Во моментов чувствувам мешавина од разочарување, гнев, бес. Таков е фудбалот денес. Професионално играв фудбал 23 години и сè уште не ги знам правилата. Офсајд е офсајд. Може да биде многу и малку над линијата, но офсајд е офсајд. Не знам колку е доверлива технологијата, но мораме да ѝ веруваме – изјави Шмајхел за ITV, а потоа се осврна на пеналот досуден за Германците, кога топката го удри Јоаким Андерсон во рака:

– Не знам што Андерсон требаше да прави со раката. Имам чувство дека денеска деталите беа на нивна страна. Фудбалот и здравиот разум денес не одат заедно – рече голманот на данската репрезентација.

ФОТО: Погледнете го офсајдот кој им го поништи голот на Данците против Германија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот