Касами за ДУИ: Треба да се подготвуваат да одат во затвор

Биљал Касами / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

„Ние сме подготвени да работиме за Албанците, тие треба да бидат подготвени да одат в затвор! Коалицијата „Вреди“ ја донесе енергијата и желбата за работа, која недостасуваше со години во централната власт“, изјави претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами, на одбележувањето на сто дена од работењето на новата влада.

Информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ ја цитира изјавата на Касами кој вели дека „Вреди“ како дел од владината коалиција „ги надминала недостатоците со цел да допре до секоја албанска населба заборавена во минатото“.

„Вреди“ е дел од владата за да ја подобри економијата, за да донесе реформи во образованието и здравството, заради развој на инфраструктурата и подобрување на меѓународните односи. Ние сме подготвени да работиме за Албанците, а тие треба да бидат подготвени да одат во затвор“, рекол Касами.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот