Касами за Димитриевски и албанското знаме: Не е тој што одредува како ќе се користи националното знаме

Биљал Касами / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески
Градоначалникот на Тетово и претседател на Движење Беса, Биљал Касами реагираше на изјавата на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, кој рече дека ќе ја напушти Владата ако во владините кабинети на министрите Албанци од Коалицијата „Вреди“ продолжи да се користи знамето на Албанија. Според Касами, Димитриевски не требало да зборува на таа тема.

– Не е Димитриевски кој одредува кога и како ќе се користи националното знаме. Посакуваме коалицискиот партнер, во случајов претседателот на ЗНАМ, да излезе од предизборната реторика и да разбере дека сега сме дел од власта и мора да работиме за доброто на граѓаните. Ние како граѓани Албанци на оваа држава ги почитуваме и поддржуваме граѓаните на македонската заедница во заштитата на нивниот идентитет, а истото го очекуваме и од македонските граѓани да ги поддржат Албанците во заштитата на нивниот идентитет, националното знаме е важен сегмент од ова, рече Касами.

Градоначалникот на Куманово и лидер на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски упати предупредување дека неговиот политички субјект ќе ја напушти владеачката гарнитура доколку се повтори ситуацијата од минатата недела, кога албанско знаме осамна во Владата на координацијата на првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити со министрите од коалицијата ВЛЕН.

-Ќе реагирам исто како што реагирав и кога новиот претседател на Собранието направи нешто слично. Ова е само тој „ДУИ-наратив“ кој што продолжува во континуитет. Ако продолжи таквиот однос и непочитување…Првично ние не го фативме тој момент од самиот старт, но првпат јавно кажувам дека доколку таквото однесување продолжи, нема да бидеме дел од Владата. Ќе излеземе од Владата, кажа Димитриевски во подкастот на ТВ Канал 5.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот