Кариерниот пад на Арми Хамер: „Ми велеа дека сум канибал и силувач, но сега сум благодарен за тоа…“

EPA
Фото: EPA-EFE/WARREN TODA

Во своето последно интервју, американскиот актер Арми Хамер (37) откри дека е благодарен за шокантните наводи за канибализам и злоупотреба што му ја уништија кариерата, пишува „Дејли мејл“.

Да потсетиме, неговата поранешна девојка Ефи Ангелова го обвини Хамер за силување и злоупотреба. Сепак, актерот не беше обвинет за тоа бидејќи немаше доволно докази.

„Што и да кажуваа луѓето, што и да се случи, сега сум на место во мојот живот каде што сум благодарен за секој дел од тоа. Навистина сум благодарен за тоа бидејќи претходно не се чувствував добро. Никогаш не бев задоволен со себе и немав самопочит“, изјави Хамер.

Хамер отсекогаш ја барал љубовта преку својата работа, односно актерството. Но, откако тоа му било ускратено поради обвинувањата за канибализам и сексуална злоупотрба, тој морал да ја најде љубовта во себе. Тоа не му било лесно.

„Тоа беше смрт за моето его, за мојата кариера. Во мојот живот експлодираше бомба и уби се. Имаше многу моменти кога мислев дека не можам повеќе да го издржам тоа“, раскажа актерот.

„Стоев на брегот и испливав многу далеку и само лежев таму. На некој начин, тоа беше обид за самоубиство. Но, мислев дека не можам да им го направам тоа на моите деца“, се сеќава Хамер на размислувајќи да си наштети.

Инаку, ѕвездата има две деца со Елизабет Чемберс, која се раздели од него во јули 2020 година.

Хамер сега планира, како што објави „Дејли мејл“, да пишува сценарија. Иако не посочи дека се враќа во Холивуд, се чини дека ќе почне да работи на својата кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот