Кардиолог за смртта на Рафаел Двамена: Да не беше отстранет дефибрилаторот, денес ќе беше жив

Фото: EPA/CJ GUNTHER

Трагичната смрт на фудбалерот од Гана, Рафаел Двамена беше шок за фудбалскиот свет. Двамена минатата зима пристигна во Албанија во дресот на Егнатија и беше еден од најефикасните стрелци во првенството, а до трагичниот го довела една негова кобна одлука.

Кардиологот Антонио Асо истакна дека доколку Двамена не го отстранел дефибрилаторот кој му бил вграден поради проблеми со срцето и денес би бил жив.

„Успеавме да го убедиме да вгради дефибрилатор за да му го гарантира животот, а во исто време го советувавме да не се занимава со професионален спорт. Ни укажуваше доверба, по вградувањето на дефибрилаторот замина од Шпанија. Некогаш ме прашуваше за конкретен совет и секогаш бев тука за него. Почина како резултат на лична одлука, но да дефибрилаторот не беше отстранет, денес Рафаел би бил жив“, изјави Асо.

Двамена многу рано, на само 16 години беше забележан од скаутите на Ред Бул, па по академијата дојде до Салзбург, подоцна го носеше дресот на Лиферин и Луштенау. Во текот на кариерата играше уште за Циринг, Веље, Линц, Олд Бојс, Сарагоса и Леванте каде што ја делеше соблекувалната и со македонскиот репрезентативец Енис Барди.

За репрезентацијата на Гана настапи на девет натпревари и постигна два гола.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Фудбалер почина на терен во Албанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот