Кардиолог открива 10 знаци на болести на срцето кои не смееме да ги игнорираме

Фото: Профимедиа

Врвниот кардиолог д-р Амит Бахаи истакнал 10 симптоми на болести на срцето кои никогаш не смееме да ги игнорираме, вклучително и препотувањето во текот на лесно вежбање, чувството на мачнина со болка во градите и претеран замор.

Д-р Бахаи, кој е специјализиран за истражување на тоа кои фактори на начинот на живот влијаат на здравјето на срцето и методите за превенција, рекол дека здрав возрасен човек треба да може да го задржи здивот најмалку 20 секунди.

– Често го игнорираме здравјето на срцето додека не биде предоцна. За повеќето од нас не постои годишен преглед, па затоа ги игнорираме малите сигнали дека нашето срце не работи најдобро. Проблемите со срцето често прогресивно се влошуваат, сè додека еден ден не добиеме покомплициран проблем. Но, тоа би можело да се избегне доколку обрнеме внимание на предупредувачките знаци – рекол кардиологот за „Глостершир лајф“ (Gloucestershire Live).

Тој тврди дека болестите на срцето можат да влијаат на луѓето од сите возрасти, па затоа е важно да се обрне внимание на какви било промени или симптоми.

Кардиологот предупредува на 10 симптоми кои може да укажуваат на срцеви болести, а кои во никој случај не треба да ги игнорираме.

1. Вртоглавица при брзо станување
2. Краток здив
3. Тешкотии при свиткување надолу
4. Палпитации (чувство на силна, забрзана или неправилна работа на срцето која често се појавува при мирување, но и при вежбање)
5. Стегање во градите
6. Болка во раката, вратот или надлактицата, често на левата страна
7. Чувство на непријатност во градите (со исклучок на стегање)
8. Тешкотии при стоење
9. Отечени нозе
10. Чести дополнителни или прескокнати отчукувања на срцето

Ако почувствувате кој било од овие знаци, кардиологот советува да посетите лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот