Канје Вест пристигна во Москва во пресрет на најавениот концерт

Канје Вест/Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Американскиот рапер Канје Вест пристигна во Москва пред најавениот концерт во руската престолнина, објави продуцентката Јана Рудковскаја на својот канал Телеграм.

„Канје Вест е веќе во Москва! Стискам палци за концерт на стадионот Лужники! Се обложувам дека 80.000 (билети) ќе бидат распродадени ако се одржи за три дена. Добро, најмногу една недела”, објави Рудковскаја.


На почетокот на мај руските медиуми објавија дека раперот ќе одржи концерт во арената Лужники во Москва за неговиот роденден на 8 јуни, но оваа информација не беше потврдена, потсетува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот