Кампања на РСБСП за Безбедно лето во Дојран

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност – Скопје, денес во Дојран реализираат активности од летната кампања „За безбедно лето“.

Кампањата се реализира со цел подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата преку подигање на свеста кај македонските и кај странските учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи, со акцент на подигањето на свеста за влијанието на високите летни температури, заморот, неприлагодената брзина и конзумирањето алкохол врз способноста за управување со моторно возило.

Во рамки на летната кампања „За безбедно лето“ се реализира кампања под мотото „Вози одморен“. Во рамки на оваа кампања се спроведуваат превентивно-едукативни активности и се дели рекламен материјал, вода и безалкохолни пијалоци.

РСБСП апелира: Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите, возачите да возат одморени, на секои 2 часа да прават паузи од околу 15 минути, да не возат уморни и под дејство на алкохол, и да консумираат повеќе безалкохолни пијалоци.

Возете одморени, возете безбедно!

ДА ЈА подобриме безбедноста на сообраќајот на патиштата!

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот