Камила проговори за здравјето на кралот, па се пошегува: Чарлс е подобро, но мора да го натерам да слуша

Кралот Чарлс и кралицата Камила / Фото: Instagram / theroyalfamily

Британската кралица Камила проговори за здравјето на кралот Чарлс Трети. Таа рече дека е подобар и додаде дека мора да го натера да слуша.

Камила на тој начин се пошегува дека кралот завршил дури пет кралски должности за 48 часа, откако му беше дозволено да продолжи со јавните должности по дијагнозата на рак.

Кралицата разговарала со гостите на забавата во градината во Ламб Хаус во Раџ, Источен Сасекс, каде што актерите Тимоти Вест и Хејли Милс имале настап, пишува „Дејли мејл“.

Инаку, кралот Чарлс, кој сè уште се лекува од рак, вели дека е воодушевен што неговите лекари му дозволиле да продолжи со повеќе јавни ангажмани.

Камила не ги крие своите фрустрации што нејзиниот сопруг работи премногу, но упатени извори наведуваат дека таа ја разбира и прифаќа неговата неверојатна работна етика.

ФОТО+ВИДЕО | Кралот Чарлс Трети го откри својот прв портрет по крунисувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот