Како Функционира Кредитна Картичка: Основни Принципи

ликата е преземена од: freepik.com

Размислуваш за картичка со кредитна функција? Научи како функционира кредитна картичка и да одлучи дали тоа е вистинската финансиска одлука за тебе.

Со развојот на економијата се појавивја различни финансиски производи, меѓу кои и платежните картички. Најчесто користени се дебитните и кредитните картички. Генерално, тие се разликуваат според тоа дали се поврзани со конкретна сметка или не. Повеќето се запознаени со тоа дека дебитните картички се поврзани со платежна сметка, но не и со тоа како функционира кредитна картичка.

Кредитните картички со нивниот уникатен пристап кон користењето на средства го променија начинот на којшто функционира модерниот потрошувач. Иако, голем број од луѓето поседува една, нивото на едукација за тоа што е кредитна картичка и како се користи е на значително ниско ниво.

Како Функционира Кредитна Картичка?

Кредитна картичка е еден од најчестите видови на картички кои се користат денес. Ги издаваат кредитори, најчесто банки или финансиски друштва, кога ќе одобрат кредит на одреден апликант.

За разлика од дебитните картички, кредитните може и да не се поврзани со конкретна сметка. Но како функционира кредитна картичка? Носителот на кредитната картичка може да користи онолку средства колку што му е одобрениот кредитен лимит, познато како кредитна линија.

Со други зборови, при користењето на кредитната картичка не се користат средства што корисниот ги поседува, туку средства кои кредиторот му ги позајмува.

Условите за користење на кредитните картички, вклучувајќи ги и критериумите за одбрување на кредитна картичка ги одредуваат самите кредитори. Најчесто, кредитни картички се издаваат на лица кои имаат редовни месечни примања и се кредитоспособни.

Главни карактеристики на кредитните картички

Кредитните картички можат да се користат за извршување на различни видови на трансакции и се широко прифатени за безготовинско плаќање кај трговци, но и онлајн користење. Висината на кредитот, односно расположливите средства на картичката се предходно утврдени од страна на банката. Исто така, кредиторот го утврдува и временскиот период во којшто можат да се користи кредитниот лимит.

За самиот кредит, носителот на кредитната картичка е должен да плаќа одредена каматна стапка. Некои кредитори нудат и грејс период во којшто не наплаќаат камата.

Постојат различни начини за уплаќање на минималниот износ на отплата којшто најчесто е измеѓу 3% и 10% од искористените средства. Најчесто, износот на отплата се подмирува од редовните месечни примања. Во случаи на финансиски потешкотии, секогаш се достапни алтернативни решенија како што е користење на најдобри брзи кредити за отплата на долг на кредитна картичка кои нудат одлични услови.

Најчесто, како начин на подмирување на долгот се користат трајни налози. Со нив сопственикот на кредитната картичка дава овластување на кредиторот да ги одзема средствата на претходно утврден датум. Освен доспеаниот долг и каматната стапка, за користење на кредитните картички се напаќаат и одредени трошоци за издавање и одржување.

Но, кредитните картички се многу повеќе од камати и дополнителни трошоци. Користењето на кредитни картички има и многу предности. Во зависност од условите на кредитната картичка која е во прашање, сопственикот може да:

• учествува во наградни игри организирани од кредиторот

акумулира поврат на средства или бонуси за секоја картична трансакција

• користи поволни средни курсеви за плаќање во странство

• плаќа на рати и добива попусти кај одредени трговци, и друго

Сликата е превземена од: freepik.com / Автор: The Yuri Arcurs Collection

Практични Совети За Користење на Кредитна Картичка

Горенаведените поволности можат да се користат само доколку кредитните картички се користат рационално. Ако како потрошувач не знаете како да ја користите кредитната картичка на одговорен начин, можете да се соочите со презадолженост и финансиски потешкотии.

Запознавање со условите на кредитната картичка

Првото нешто што треба да знаете пред да аплицирате за кредитна картичка е дека изборот на кредитна картичка е многу важен. При изборот на кредитна картичка, секој треба добро да се запознае со општите услови за користење на истата.

Од особена важност е да се имаат предвид:

• Висина и вид на каматни стапки на кредитните картички

• Дозволено пречекорување

• Трошоци за издавање на картичката

• Чланарина

• Трошоци за повелекување на готовина

Услови за одложување на рата

• Провизија за повлекување на готовина

• Рационално користење средствата

Многумина веднаш по добивањето на картичката започнуваат да трошат неконтролирано, немајќи ја предвид нивната вистинска куповна моќ. Општоприфатено правило е дека кредитната картичка е препорачливо да се користи за потреби, а не за задоволување на желби.

Затоа, да се избегнат ситуции на неможност на отплаќање во зададениот рок и градење на камати, се препорачува да се купува со кредитна картичка само она што е навистина потребно и кое корисникот може да си го дозволи. Тоа ќе помогне неподмиренот долг на кредитните картички секогаш да е на минимум, што секој финансиски експерт го препорачува.

Увид во месечни извештаи

Според најновите правила за кредитна картичка, банките се обврзани да издаваат месечни извештаи на корисникот. Во нив, детално се опфатени начинот на којшто картичката била користена и обемот на кредитниот лимит кој е искористен.

Месечниот извештај го определува и минималниот износ што треба да го отплати корисникот на кредитната картичка за изминатиот период. Една од најдобрите практики е да се плаќа повисока сума од минималниот износ на долгот. Со тоа, времето на отплатување на долгот ќе се намали, што резултира на помали финансиски средства потрошени на каматата.

Редовност во плаќање на рати

Редоновното подмирување на ратите е една од одговорностите на сите кои поседуваат кредитни картички. Навременото плаќање на секоја месечна рата не само што е важна за избегнување на камати, туку и позитивно влијае на кредитниот рејтинг на корисникот.

Некои банки ги сопираат кредитите доколуте забележат проблематична отплата на останати кредити на едно лице во истата банка.

Сликата е превземена од: freepik.com / Автор: The Yuri Arcurs Collection

Заклучок

Секој кој планира, или веќе има одобрен кредит, треба да знае како функционира кредитна картичка, сѐ со цел да донесе правилна финанскиска одлука и максимално да ги искористи бенефитите истата ги нуди.
Кредитините картички можат да бидат одличен финансиски производ доколку се користат рационално. Разбирањето на карактеристиките на кредитните картички и условите за користење е од огромна важност за достигнување и одржување на финансиска стабилност.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот