Како да знаете дека месото што го купувате е свежо и безбедно

Месо во маркет / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

На топло време храната, особено храната од животинско потекло, се расипува побрзо и почесто од вообичаено – затоа Ветеринарната инспекција на Србија ја интензивираше работата. Официјалните продажни места, но и алтернативните како тезги и бит-пазари се под лупа на надлежните служби. Посебно внимание е насочено кон големите градови.

„Ризикот се зголемува колку посилно грее сонцето – високо расиплива храна вклучува мелено месо и производи од мелено месо, производи од јајца, особено мајонез и млечни производи. Граѓаните со кои разговараше екипата на РТС велат дека прашуваат дали е свежо месото, ја проверуваат бојата и мирисот, но и купуваат на доверба. Организациите на потрошувачи апелираат дека треба да се биде многу внимателен при изборот и купувањето на расиплива храна. „Согласно Законот за безбедност на храната, деловните субјекти се обврзани да ги почитуваат соодветните стандарди поврзани со безбедноста на прехранбените производи во сите фази на производство, преработка и промет, во спротивно казните се движат од 300.000 до дури три милиони динари“, вели Весна Перинчиќ од синдикатите на потрошувачи на Република.

Зголемен е бројот на редовни и акциски контроли. Во моментов на терен се 167 инспектори, информираат од Ветеринарната инспекција. Во текот на јуни имало 378 контроли, најмногу во Белград, Нови Сад, Ниш и Суботица. Сè е контролирано. Од месарници и супермаркети до ресторани и продавници за брза храна. Раководителот на Ветеринарната инспекција, Љиљана Ивањац, ги советува граѓаните да купуваат храна во регистрирани објекти и да внимаваат на видот на пакувањето и на декларацијата на таа храна. Од април до јуни повеќе од 4.700 килограми месо и месни производи, речиси 120 литри млеко и млечни производи, 625 јајца и производи од јајца и повеќе од 270 килограми риба и производи од риба се отстранети од пазарот и безбедно уништени, пренесува Нова.рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот