Како да знаете дали базенот во кој пливате е чист? Секоја петта личност признава дека уринира во водата

Фото: Wikimedia Commons

Сè почесто луѓето се жалат на разни здравствени проблеми по користењето на јавните базени. Експертите предлагаат неколку совети како да препознаете дека водата во базенот што го користите е чиста.

За почеток, едно истражување во Америка даде донекаде шокантни детали, едно од пет испитани лица признало дека врши мала нужда во базените. Таквата појава, некои од помодерно опремените базени ја спречуваат со бои кои ги означуваат капачите кои уринираат во вода.

Додека многу базени користат бројни хемикалии за да ја одржуваат водата чиста, студијата на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажа дека само 20 отсто од јавните базени не се опасни за здравјето и безбедноста. Останатите 80 отсто? Доколку не се загадени со милиони бактерии, веројатно содржат вишок хлор, кој исто така има штетни последици на вашето здравје.

Бистра и чиста вода

Загледајте се во водата и обидете се со голо око да ја оцените чистотата на водата, ако е бистра, ако лесно можете да го видите дното, тоа е добар знак, но секако не значи дека нема бактерии во водата. Важно е да нема други бои или маснотии во водата. Ако ги забележите, прескокнете го капењето. Знаеме дека овој совет можеби изгледа малку банален, но сетете се колкупати сте скокнале во вода без да ја погледнете.

За лигавите работи нема место во базенот

Потопете ги рацете во вода или допрете ги ѕидовите на базенот. Ако се лигави или мрсни на допир, тоа значи дека хлорот што е ставен во базенот, всушност, не дејствува – ова е доволна причина да знаете дека во таков базен има милиони бактерии. Секако, прескокнете го капењето.

Дали филтрите работат во базенот?

Филтерот за базен во основа е срцето на системот за циркулација на базенот. Нечистотијата од водата се филтрира низ влезната цевка на базенот, а нејзината цел е да ja фати ситната нечистотија и отпадот што лебдат во базенот. Ако нема силен млаз вода што удира во вашето тело кога стоите пред млазовите што циркулираат, тогаш филтрите не работат, оставајќи го базенот во стагнација каде што микробите и бактериите многу полесно се развиваат.

Нема силни мириси околу базенот

Веројатно мислите дека силниот мирис во базените е предизвикан од прекумерна содржина на хлор, но не е така. Тој силен мирис е хлорамин – разводнет хлор кој е помалку ефикасен и го произведува тој мирис кога реагира на потта, урината, косата или кожата. Хлорамините исто така можат да ја иритираат кожата, очите и респираторниот тракт.

Причини за валкан базен и опасности за здравјето

Хлорот е ефикасно средство за чистење, бидејќи може да ги убие повеќето микроорганизми за помалку од една минута ако нивоата на хлор се доволно високи, но не сите бактерии кои предизвикуваат болести можат веднаш да бидат убиени со хлорот. Најчест здравствен проблем е т. н. инфекција со криптоспоридија, која е примарна причина за дијареја (пролив), овие бактерии можат да преживеат седум дена во контакт со хлорот.

Вишокот хлор може да предизвика тешкотии со дишењето и може да ја изгори чувствителната кожа, особено кај децата. Кога хлорот ќе дојде во допир со човечката пот и урина, настанува хлорамин, кој не само што е присутен во водата во базенот, туку и се таложи во воздухот доколку нема соодветна вентилација во базенот.

Напомена: Поради сето наведено не значи дека треба да се воздржувате од капење во јавни базени, но треба да бидете претпазливи – најдобро е да изберете базен кој ги исполнува безбедносните стандарди и се придржува до строгите упатства. Иако ни служи како една од омилените рекреативни активности, преземањето мерки на претпазливост е исто толку важно како и уживањето во пливањето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот