Кафето поскапе, српските трговци се плашат од пад на продажбата

Кафе
Фото: Pexels

Новите ценовници за кафе, кои „Атлантик груп“ претходно ги испрати до трговците, стапија на сила од 1 јули, но поскапувањето на овој производ сè уште не е видливо насекаде во малопродажбата во Србија.

Поголемиот дел од трговците на мало нудат специјални понуди на поголеми пакувања, додека новите ценовници веќе се применети за помалите. Сите се плашат од пад на продажбата, бидејќи се работи за значителни поскапувања и прашање е дали локалните клиенти ќе можат да го издржат тоа, пишува Политика. Затоа повторно пресметуваат дали да ги закачат новите ценовници. Падот на продажбата од само десет проценти во оваа категорија може да им донесе на трговците на мало милионски загуби.

Како што неодамна изјавија за „Политика“ од „Атлантик груп“, бизнисот во овој сектор сè уште е во амбиент на високи цени на суровините и услугите.

– Кај кафето се работи за послаба реколта, логистички проблеми со пристигнувањето на бродовите, мала достапност на кафе на самото место, вклучување на средства на берзите. Поконкретно, со „Арабика“, поради логистички проблеми, доцнеше испораката на кафе од Бразил од крајот на 2023 година – рекоа од „Атлантик груп“ за Политика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот