Кацарска за СП: Без рационален пристап Македонија и Бугарија нема да најдат решение

Фото: YouTube/Screenshot

Нема особена можност за пробив во јуни, не толку заради техничката влада, туку затоа што не е постигнато најважното, односно не е пронајден рационален пристап со кој двете земји ќе ги решат проблемите, вели Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика.

– Не е толку важно која земја во моментот претседава со ЕУ, колку што е важно Скопје и Софија да најдат начин за рационално решение, ако е можно да најдат. Во тој случај, поканата за преговори ќе биде упатена од кој било самит, како што впрочем и одлуката да ги почнеме преговорите лани во март беше донесена во услови на пандемија. Далеку сме од оптимална ситуација – вели Кацарска за „Слободен печат“.

По португалското претседателство со ЕУ следува словенечкото, но според Кацарска блискоста на Словенија со Македонија не е гаранција дека на земјата приоритет е ќе ѝ биде проширувањето, особено по нон-пејперот за нови граници на Балканот. Следната година со ЕУ прво ќе претседава Франција, на која приоритет ѝ се реформите во ЕУ, а е потоа е пријателска Чешка.

Македонскиот државен врв деновиве порачува дека очекува и со преодната, односно техничка влада во Бугарија продолжат разговорите со цел Софија да ја тргне блокадата за нашите преговори за членство во ЕУ. Наспроти тоа, речиси сите аналитичари оценуваат дека во јуни нема особени шанси за пробив, а зависно од политичката ситуација и стабилноста на идната бугарска влада, во порашање е дали ќе има позитивна одлука и на самитот во декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот