Јужна Кореја ја претстави најмоќната балистичка ракета

Јужна Кореја тестираше ракета / Фото EPA-EFE/YONHAP

Јужна Кореја ја претстави својата најмоќна балистичка ракета и друго слично оружје за време на церемонијата на „Денот на вооружените сили“ додека јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол предупреди дека „режимот“ на Северна Кореја ќе пропадне доколку се обиде да користи нуклеарно оружје.

Приказот на оружјето и предупредувањето на Јужна Кореја против Северна Кореја дојде откако Северот неодамна го откри својот капацитет за збогатување ураниум и тестираните проектили пред претседателските избори во САД во ноември, објави АП.

– Ако Северна Кореја се обиде да употреби нуклеарно оружје, ќе се соочи со решителен одговор од наша страна и страната на нашиот сојузник, американската војска. Тој ден ќе биде крај на севернокорејскиот режим“, им рече претседателот Јун Сук-јол на собраните војници на воениот аеродром во близина на Сеул – пренесува Танјуг.

За време на церемонијата, јужнокорејската војска покажа околу 340 парчиња воена опрема и системи за оружје.

Меѓу нив беше и нејзината најмоќна балистичка ракета, Хјунму-5, за која експертите велат дека може да носи боева глава тешка околу осум тони и може да навлезе длабоко во земјата и да ги уништи подземните бункери во Северна Кореја. Тоа беше прв пат Јужна Кореја да ја открие ракетата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот