Јусуфспахиќ: Бектешите не се муслимани, Рама го зајакнува паналбанизмот

„Исламски Ватикан среде Албанија“ – вака веќе неформално се нарекува „суверената држава“ која, како што најави албанскиот премиер Еди Рама, ќе му биде доделена на Бектешкиот верски ред во Тирана.

Државата што ќе ја добијат бектешите во Тирана, со свои граници и пасош, ќе промовира “толерантна верзија на исламот и мирен соживот меѓу религиите“, најави албанскиот премиер.

Претседателот на Врховното собрание на Исламската заедница на Србија, Мухамед Јусуфспахиќ, вели дека Бектешите не се муслимани, туку го почитуваат култот на Али, кој според исламската традиција бил братучед и зет на пророкот Мухамед.

Најавата на премиерот на Албанија за верска држава во државата ја објаснува преку идејата за паналбанизам.

-Бекташите не практикуваат ислам и самите ќе кажат дека не се муслимани, објаснува Јусуфспахиќ.

Муфтијата објаснува дека „тие не го обожаваат Бога, а кога сакаат да бидат попрецизни велат дека го негуваат култот на Алија“. -Тие всушност се обожаватели на Алија, вели Јусуфспахиќ.

„Тие ниту постат Рамазан, ниту ги извршуваат петте дневни молитви, ниту некој од муслиманските религиозни ритуали. Она што Алах објави во Куранот, тие не го прават“, вели муфтијата, кој ја извршува и должноста амбасадор на Србија во Саудиска Арабија.

Фактот што пијат алкохол, според Јусуфспахиќ, дополнително појаснува дека тоа не може да биде толерантна верзија на исламот, туку бекташизам и алевизам.

Муфтијата вели дека не ја знае точната бројка на следбеници на бекташизмот на подрачјето на Косово, Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, но процени дека ги има меѓу два и три милиони во овие области. За намерата Албанија да создаде бекташка држава во Тирана, муфтијата не верува дека државите ќе ја признаат нејзината независност.

Но, како што вели, се е можно бидејќи „муслиманските земји во изминатава година покажаа колку се муслимански во поддршката за муслиманите, со жителите на Газа кои од ден на ден страдаат и кои не добиваат никаква помош“.

Бектешите се суфиски дервишки ред основан во Отоманската Империја во 13-от век. Нивните верувања се базирани на исламот, но вклучуваат и низа други филозофски постулати. Во Македонија, бектешите имаат значителен број членови во албанската заедница, а нивниот најзначаен објект е Арабати Баба Теќето во Тетово. Бектешката заедница е во долгогодишен спор за културно-историскиот објект изграден во 1538 година со Исламската верска заедница, која во 2002 насила окупира дел од теќето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот