ЈСП смирува: Ќе возат приватните превозници – постигнат е договор

Фото: Слободен печат/Ивана Николовска

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје смирува дека е постигнат договор со приватниците и дека нема да има прекин во услугите за патниците, односно дека приватните превозници ќе продолжат да возат согласно возниот ред.

Како што велат од претпријатието, долгот ќе им се сервисира со динамиката која приватниците и в.д.директорот на ЈСП Скопје, Драги Кушовски, ја договорија по неговото именување на чело на претпријатието.

Приватниците и Кушовски денеска одржаа втора средба на која го потврдија претходно договореното во однос на исплатата на долгот.

Претходно приватните превозници рекоа дека од петок нема да возат, бидејќи Град Скопје и ЈСП „Скопје“ повторно не им плаќаат за услугата. Заклучно со јуни им се должи 140 милиони денари односно 2,2 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот