Јованоски од Левица осуден за минатогодишниот инцидент со Заев на Могила

ФОТО, фејсбук Левица

Членот на политичката партија Левица, Иван Јованоски, првостепено е осуден за настанот од минатогодишното одбележување на 11 октомври на Могилата на непобедените, објави на Фејсбук профилот оваа партија без да се каже каква е казната.

Левица случајот го нарече политички монтиран тврдејќи дека пресудата е донесена по директива на поранешниот премиер Зоран Заев. Јованоски тогаш му упати порака на Заев дека поради неговите „предавнички политики и бришењето на антифашистичкото минато“ нема никакво право да се појави и да оддаде чест пред жртвите на АСНОМ.

Како подносител на Барањето за поведување прекршочна постапка не се јавува поранешниот премиер Заев – туку извесен полициски службеник Златко Николоски, кој не е оштетена странка во случајот.

„Ти немаш лице да се појавиш бе Зоки. Му се по..ра на сите што се овде загинати. Треба да си славите празник уште еден вие во Бугарија таму, не овде. Ова не е ваша територија. Ова не е ваша територија“- му рече Јовановски на Заев за време на обдележувањето на 11 Октомври во Прилеп.

Тогаш Заев кратко му одговори на Јовановски пред камерите „Посетете си психијатар“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот