ЈО: Осомничените за инцидентот во М-НАВ немаат право на жалба за определениот куќен притвор, приведено е уште едно лице

Али Ахмети, Беким Незири Фото: Фејсбук Ахмети

Од Јавното обвинителство преку соопштение информираат дека странките во случувањата во М-НАВ немаат право на жалба. Информираат дека лишено е од слобода уште едно лице.

“Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија. Имено, согласно член 169 став 3 од ЗКП, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд. За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелациониот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“, соопштија од ОЈО.

Од ОЈО информираат дека лишено е од слобода уште едно лице за случувањата во М-НАВ за кого, како што велат, ќе достават предлог за определување мерка притвор.

Во исто време, надлежниот јавен обвинител во текот на денешниот ден беше известен од МВР дека е пронајдено и лишено од слобода уште едно од лицата кои беа опфатени со наредбата за истрага за истиот настан. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот кој досега беше недостапен за органите на прогонот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот