Јапонската економија падна повеќе од очекуваното

Јапонија луѓе / Фото EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Активноста во јапонската економија се намали во првиот квартал посилно од претходните проценки, објави владата во вонредното соопштение, посочувајќи на пад на нарачките во градежниот сектор.

Јапонскиот БДП е намален од јануари до март за 0,7 отсто во споредба со претходните три месеци, покажуваат новите владини пресметки. Претходната проценка покажа пад на активноста од 0,5 отсто.

Годишната стапка, која покажува колку се намалил или колку се зголемил БДП пред една година, под претпоставка за истото тримесечно темпо на активност, во првиот квартал изнесуваше минус 2,9 отсто. Претходните пресметки покажаа пад на активноста од 1,8 отсто во 12-те месеци до крајот на јануари.

Побарувачката во градежниот сектор е значително послаба од претходните проценки, посочуваат од Владата, повикувајќи се на податоци од Министерството за просторно планирање, инфраструктура, транспорт и туризам. Инвестициите во приватни станови паднаа за 2,9 отсто од јануари, пресметаа тие, речиси половина процент посилно отколку што објавија пред еден месец.

Државните трошоци, пак, се намалени за 1,9 отсто. Претходните пресметки покажаа раст од 3,0 отсто. На крајот на минатата година, според новите пресметки, БДП стагнира во однос на летниот квартал кога се намали за еден процент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот