Јапонија ја промовира идејата за формирање на „Азиско НАТО“

Фото Твитер принтскрин

Новиот министер за надворешни работи на Јапонија, Такеши Иваја, денеска изјави дека во наредниот период треба да се разгледа идејата за „Азиско НАТО“, која ја претстави новиот премиер Шигеру Ишиба.

„Мислам дека тоа е идеја за иднината, но треба да размислиме за тоа некое време“, им рече Иваја на новинарите на прес-конференција во Токио.

Ишиба вчера повика на создавање „Азиско НАТО“, во кое јапонските трупи ќе бидат стационирани на американско тло и каде што ќе има заедничка контрола на нуклеарното оружје на Вашингтон што ќе служи како пречка против јапонските  нуклеарни соседи , Кина, Русија и Северна Кореја. Тој тврди дека промените ќе ја одвратат Кина од употреба на воена сила во Азија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот