Јаневска: Потребна ни е Национална стратегија за подобрување на образованието

Илустрација за ученици во основно училиште / Фото: Profimedia

Министерката за образование и наука Весна Јаневска смета дека државата има потреба од Национална стратегија која ќе создаде квалитетно образование. Јаневска изјави дека на почетокот детектирала многу проблеми кои мора итно да се надминат, меѓу кои и обезбедување учебници.

-На државата и е потребна Национална стратегија за образование во која ќе се постават принципи за создавање на квалитетен образовен систем во Македонија и ова е една од целите во нашата програма. Тоа ќе биде документ кој ќе го прифатат сите или повеќето политички субјекти и на некој начин ќе биде работна програма за подигнување на квалитетот на образованието. Доколку постигнеме таков консензус, би било добро тој документ да го прифати и Собранието – изјави Јаневска во емисијата 360 на МТВ.

Таа информираше во соработка со други институции работат на обезбедување учебници, а потврди и дека ќе се ревидира Концепцијата за основно образование.

Во фокусот на политиките на новата министерка е и работата на училиштата во една смена, целодневна настава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот