Јаневска: Наставниците се најважна алатка во образованието, без вас нема да има ниту една промена

Фото: МОН

Наставниците ќе бидат најголема потпора и поддршка во образовниот систем и ниту една промена нема да се случи без вас, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска преку видео обраќање на отворањето на Синдикалните спортски игри на СОНК што вчера и денес се одржуваат во Струга.

-Сакам да знаете дека вие ќе ми бидете најголема потпора и поддршка во следниот период. Имаме големи планови врзани за подигнување на квалитетот на воспитно – образовниот процес, а во рамки на сето тоа, еден од фокусите ќе биде и враќање на вашиот дигнитет, достоинство и подобар статус во општеството – посочи Јаневска.

Министерката информираше дека сите незадоволства на наставниците, учениците и родителите ќе бидат елиминирани, но ќе продолжи да го надградува она што е добро и оценето како такво.

-Основното образование е приоритет, мој како министерка, и на Владата. Но, ниту една промена нема да се случи без вас. Затоа што сте најважната алка во воспитно-образовниот процес и јасно е дека ако не сме на иста страна, ако немаме усогласен став, нема да има успех. Затоа најавив и повторувам – ништо нема да правиме без ваша согласност, на сила или пак инкогнито. Помина тоа време – изјави министерката.

Таа, исто така, информираше дека ќе се организираат повеќе обуки, ќе се обезбедат учебници за сите ученици и приоритет ќе биде дигитализацијата и инклузијата на образовниот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот