Јамал му одговори на Леман пред четвртфиналниот дуел: Ќе видиме колку сме млади и неискусни

фото: EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Сите со нетрпение го очекуваат големото четвртфинално дерби на Европското првенство меѓу домаќинот Германија и Шпанија в петок (5 јули) од 18.00 часот.

Поранешниот германски голман, Јенс Леман, како недостаток на „Црвената фурија“ ги наведе младоста и неискуството.

– Технички гледано, нема сомнеж дека тие се подобри од нас и тоа го видовме на последните натпревари, прво во групната фаза, а потоа и во осминафиналето против Грузија. Но, тоа е тим од млади и неискусни играчи. Имаат многу млади играчи, без интернационално искуство – беа зборовите на Леман.

Одговорот не траеше долго, а пристигна од најмладиот член на Шпанија, Ламин Јамал.

– Никого не слушаме, ќе покажеме што сме на теренот. Оваа изјава секако не ѝ помага на Германија, ни помага нам. Најдобро е да не се каже ништо. Ќе видиме дали сме млади и неискусни – кажа Јамал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот