„Ја најдов Мег на подот, лелекаше“: Хари ги откри смс-пораките за караницата помеѓу Кејт и Меган

Фото: Профимедиа

По повеќемесечното исчекување и големиот публицитет, автобиографијата на принцот Хари „Spare“ (Резерва), денес се појави на полиците на книжарниците во неговата родна Велика Британија, што дополнително ќе го доведе во непријатна позиција целото кралско семејство.

Фото: Профимедиа

Една од најозборуваните теми, тензијата меѓу кралските золви Кејт и Меган пред големата венчавка ја откри и Хари во своите мемоари. Главната причина за тензичната комуникација меѓу двете кралски снаи бил фустанот на принцезата Шарлот.

Фото: Профимедиа

Принцот Хари открил содржина од СМС пораки кои си ги испраќале Кејт Мидлтон и Меган Маркл околу изборот на фустани за малите деверуши.

epa-efe
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Во своите нови мемоари, војводата од Сасекс детално го опишал конфликтот меѓу Меган и неговата снаа Кејт околу свечениот фустан кој принцезата Шарлот требала да го носи на венчавката на својот вујко.

„Фустанот на Шарлот е преголем, предолг, премногу широк“, се присетил принцот Хари на пораката која принцезата од Велс ѝ ја испратила на Меган Маркл.

Малечката принцеза не била задоволна од моделот и изгледот на фустанот кој бил шиен по мерка

Фото: Профимедиа

„Плачеше кога го проба“, напишала Кејт во пораката.

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и одговорила на пораката:

„Така е, ѝ кажав на кројачката дека ќе дојдете во 8 наутро. Можеш ли да ја донесеш Шарлот за да го поправи фустанот, како што тоа го прават и другите мајки“, гласел одговорот на војвотката.

Наместо да се согласи на измените, Кејт според тврдењата на Хари побарала сите фустани да се поправат, а рекла и дека дури разговарала со својот дизајнер по тоа прашање, којшто се согласил со неа.

Profimedia
Фото: Профимедиа

За да се обиде да сфати под колкав стрес била Меган, таа наводно ја прашала Кејт дали е свесна за драмата која се одигрува околу нејзиниот татко Томас Маркл.

Кејт кажала дека е свесна, но дека фустанот не е добар, а свадбата била за само четири дена. Принцот Хари исто така тврдел дека Кејт имала „проблем со начинот на којшто Меган ја планирала својата венчавка“.

epa-efe
EPA-EFE/NEIL HALL / POOL

Тој објаснува дека Кејт очигледно не сакала да се состане со кројачот на Меган во Кенгсингтонската палата и дека само четири дена пред венчавката влегле во конфликт преку СМС пораки.

На крај Кејт ја одвела сама Шарлот на кројач, но оваа ситуација ја скршила идната невеста која веќе имала доволно проблеми со својот татко во тој момент.

„Стигнав дома и ја најдов Мег на подот. Лелекаше. Бев ужаснат што ја видов толку вознемирена, но не мислев дека тоа е катастрофа. Емоции се секако, беше полна со стрес од минатата недела, последниот месец, последниот ден. Беше неподносливо, но привремено. Кејт не мислеше ништо лошо, ѝ реков на Меган. Следниот ден Кејт стигна со букет цвеќе и, ѝ се извини на Меган“, тврди Хари.

По која цена можете ја купите книгата на принцот Хари и колку милиони долари ќе заработи од неа?

https://www.slobodenpecat.mk/koja-cena-mozhete-ja-kupite-knigata-na-princot-hari-i-kolku-milioni-dolari-zaraboti-od-nea/

Утре излегува „Резерва“: Сите скандали кои принцот Хари ги откри досега

Има и други принцези кои не се поднесуваат, не се само Меган и Кејт

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот