Ја дрогирал сопругата, па дозволувал да ја силуваат непознати мажи во нивниот брачен кревет

Жизел Пелико го напушта кривичниот суд во Авињон, Франција, на 5 септември 2024 година, каде што нејзиниот поранешен сопруг се суди за тоа што ја дрогирал, а потоа поканил мажи да ја силуваат / EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Неверојатната приказна на сопруг од пеколот во Франција, вчера заврши на суд откако се дозна дека тој ја дрогирал сопругата и дозволувал да ја силуваат непознати мажи во нивниот брачен кревет, пишува Си-ен-ен.

Храбрата Жизел, како што ја нарекуваат медиумите, се откажа од анонимност и дозволи судењето да биде јавно. Вели дека причината е сите да ја видат монструзноста на нејзиниот сопруг со кој била во брак цели 50 години.

Жизел Пелико (во центар) и нејзината ќерка Каролин Дариан (лево) разговараат со медиумите по напуштањето на кривичниот суд во Авињон, Франција / EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Нејзиниот сопруг Доминик е обвинет дека користел онлајн форум за да покани десетици мажи во неговиот дом во Мазан, општина во департманот Воклуз во регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во Југоисточна Франција, пред да ги снимa како ја силуваат неговата сопруга во период од девет години. Француската полиција истражувала дури 92 инциденти на силување од 72 наводни напаѓачи, а на 51 од нив сега им се суди.

Главниот осомничен претходно работел во ЕДФ, француска комунална компанија. Властите пронајдоа стотици слики и видеа на компјутерот на Доминик, на кои се гледа неговата сопруга во несвест и во ранливи позиции.

Истрагата, исто така, откри дека Доминик П. ја користел веб-страницата коко.фр, која сега е затворена, за да регрутира мажи за да учествуваат во силувањата. Тој подоцна им призна на инспекторите дека ѝ дал моќни средства за смирување на својата сопруга, за да се осигура дека таа ќе остане во несвест за време на сексуалните односи.

За време на судењето, беше откриено дека Доминик П. им наметнал строги правила на мажите кои доаѓале во неговиот дом, порачувајќи им да избегнуваат користење парфем или цигари, да ги сечат ноктите и да ги мијат рацете во топла вода за да не ја разбудат неговата сопруга.

И покрај ужасната природа на злосторствата, судењето се одржува јавно на барање на Жизел. Нејзиниот адвокат, Антоан Ками, изјави дека судењето зад затворени врати не е опција бидејќи „тоа би го сакале нејзините напаѓачи“ да ги види цела јавност.

Доминик П., исто така, се соочува со обвиненија за убиство и силување во 1991 година, кои тој ги негира, и обид за силување во 1999 година, што го призна по ДНК-тестот.

Доминик П. изрази срам и ги призна своите постапки, а неговата адвокатка Беатрис Заваро го опишува неговото однесување како форма на зависност. Судењето, кое почна вчера, се очекува да заврши до 20 декември.

Жизел П, која не се сеќава на злоставувањето, сега се соочува со мачниот процес на повторно преживување на овие настани на суд. Според нејзините адвокати, судењето ќе биде „ужасно искушение“ бидејќи таа се соочува со злосторствата извршени против неа во изминатата деценија.

Жизел Пелико (во центар) и нејзината ќерка Каролин Дариан (лево) разговараат со медиумите по напуштањето на кривичниот суд во Авињон, Франција / EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот