Извор открива: Џенифер Гарнер се повлече од „циркусот“ околу бракот на Бен Афлек и Џенифер Лопез

Бен Афлек, Џенифер Лопез, Џенифер Гарнер / Фото: Profimedia / EPA

Изминатиов период јавноста не престанува да зборува за потенцијалниот развод на еден од најпопуларните славни парови. Станува збор за актерот Бен Афлек и пејачката и актерка Џенифер Лопез, кои се познати по бурното минато, па веќе еднаш ја откажаа свршувачката и тргнаа по својот пат.

Во многу наврати Бен беше забележан во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер, која му е поддршка додека кружат гласините за кризата во неговиот брак.

Но, како што дознава „Дејли мејл“ од блиски извори, Гарнер одлучила да се повлече од „циркусот околу бракот на нејзиниот поранешен сопруг Бен Афлек со Џенифер Лопез“.

Упатените претходно открија дека 52-годишната актерка се обидела да го советува поранешниот сопруги Афлек и наводно се обидела да им помогне да ги решат нивните проблеми, но овој пат ѝ е доста.

„Џен на крајот му кажа на Бен дека мора сам да се справи со тоа. Беше премногу болно за неа да се сети на нивниот развод“, додал изворот.

Светските медиуми веќе некое време пишуваат за наводниот развод на Афлек и Лопез. Сомнежите се засилија откако се дозна дека тие ја продаваат вилата што заедно ја купија пред една година. Џенифер претходно ја откажа турнејата и се појави сама на премиерата на нејзиниот нов филм. Двојката потоа беше видена заедно на кошаркарскиот натпревар на синот на Бен, Семјуел, каде што исто така покренаа сомневања за развод со своето однесување.

Инаку, Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 година до нивниот развод во 2018 година. Тие имаат три деца заедно и останаа многу блиски и по разводот.

ФОТО | Бен Афлек на прошетка без Џеј Ло: Актерот се потруди да им покаже важен детаљ на папараците

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот