Израелските напади во предградијата на Бејрут се вознемирувачки, реагира ОН

 ОН соопштија дека се вознемирени од израелските напади врз „густо населената“ област во јужните предградија на либанската престолнина Бејрут.

„ОН ги следат со голема тревога“ нападите врз Бејрут, изјави на брифинг портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

„Секој кој ќе ги погледне сликите од чад кој извира од густо населено место треба да биде вознемирен“, додаде тој.
„Се обидуваме да собереме повеќе информации“.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари рече дека нападот бил насочен кон „централниот штаб“ на Хезболах во јужните предградија на градот. Водечките израелски телевизиски мрежи објавија дека шефот на Хезболах, Хасан Насрала бил цел на нападите.

Извор близок до Хезболах рече дека масовниот напад срамни со земја шест згради, но дека Насрала е „добро“.

Напасдот  е извешен неколку моменти откако премиерот Бенјамин Нетанјаху во говорот на ОН вети дека ќе продолжи да се бори против милитантната група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот