Израелскиот безбедносен кабинет: Одговорот кон Иран ќе биде силен

Балистичка ракета со долг дострел истрелана од Иранската револуционерна гарда за време на маневар на неоткриена локација во Иран, 9 март 2016 година Омид Вахабзадех/АП

На вечерашниот состанок на комитетот за безбедност на израелската влада е договорено Израел силно да одговори на вчерашниот ирански ракетен напад, јавуваат израелските медиуми.

Состанокот го свикал Нетанјаху, а на видеото објавено од неговиот кабинет се гледа дека присуствувале директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет, Ронен Бар, потоа директорот на Мосад, Дејвид Барнеа, началникот на Генералштабот, Херци Халеви и министерот за одбрана Јоав Галант.

Одговорот на Израел на иранскиот ракетен напад ќе има за цел да предизвика „значителна финансиска штета“, објави „Тајмс оф Израел“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот