Израелски напади во Бејрут: Најмалку 6 загинати и над 90 повредени

Израелски напади врз Бејрут/Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH

Шест лица загинаа, а 91 се ранети во силните израелски напади врз јужните предградија на Бејрут, каде се наоѓа седиштето на Хезболах, соопшти синоќа либанското Министерство за здравство.

Претходно беше објавено дека две лица загинале, а 76 се ранети, додека спасувачите трагаат по преживеани под урнатините.

Седум високи станбени згради се уништени во нападите, јави ТВ Ал Манар, поврзана со Хезболах.

Израелската војска соопшти дека го гаѓала главниот штаб на Хезболах во „прецизен напад“.

Лидерот на Хезболах, Хасан Насралах бил цел на тој напад, но според извор близок до движењето, тој не бил повреден.

Хезболах воспостави безбедносен кордон околу местото на нападот и побара од новинарите да се одалечат.

Телевизијата Ал Манар емитуваше во живо од местото на настанот, прикажувајќи ги спасувачите и тешката механизација како ги раскопуваат урнатините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот