Израел тврди: Убиен водачот на Хезболах, повеќе нема да го тероризира светот

Убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала/Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Израелската војска објави дека Хасан Насрала, првиот човек на Хезболах, бил убиен во воздушен напад вчера во Бејрут. Хезболах сè уште нема дадено официјална изјава во врска со ова тврдење.

Хасан Насрала, лидерот на либанската милиција Хезболах, е убиен вчера во израелски напад врз централниот штаб на групата во јужните предградија на Бејрут, соопшти денеска израелската армија.

Портпаролот на израелската армија Авичај Адрае, ден по големиот израелски напад на Бејрут, изјави дека израелските сили го убиле лидерот на либанскиот Хезболах, Сејед Хасан Насрала, пренесе Ројтерс.

Хезболах, поддржан од Иран, сè уште нема издадено никаква изјава за Насрала, водачот на групата во последните 32 години.

Израелската армија „го елиминираше … Хасан Насрала, водачот на терористичката организација Хезболах“, напиша портпаролот на Адрае во изјавата на Х. Хасан Насрала повеќе нема да може да го тероризира светот“, се вели во соопштението.

„Авиони на воздухопловните сили, со прецизни разузнавачки насоки од безбедносната агенција, го нападнаа централниот штаб на Хезболах, кој се наоѓа под земја под станбена зграда во јужните предградија. Нападот беше извршен додека раководството беше внатре во штабот и ги координираше терористичките активности против израелските граѓани, опиша тој.

„За време на неговите 32 години на чело на терористичката организација Хезболах, Хасан Насрала беше одговорен за смртта на голем број израелски цивили и војници на ИД, како и за планирање и извршување на илјадници терористички напади против државата Израел и ширум светот.

Насралах беше главниот одлучувач во организацијата и го имаше единствениот и последниот збор за сите стратешки одлуки донесени од Хезболах, а понекогаш и за тактичките.

На 8 октомври терористичката организација Хезболах и нејзиниот лидер Хасан Насрала се приклучија на војната против државата Израел. Оттогаш, Хезболах продолжи да ги напаѓа израелските цивили и ги вовлече Либан и регионот во ескалирачки конфликт.

ИД ќе продолжи да ги таргетира сите кои промовираат и учествуваат во терористички активности против граѓаните на државата Израел“, напиша Адраи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот