Израел побарал од САД да го одвратат Иран од одмазда за убиството на Насрала

Profimedia

Израел побарал од САД да преземат мерки за да го одвратат Иран од одмазднички напад како одговор на воздушниот удар од денеска, во кој беа убиени лидерот на Хезболах Хасан Насрала и генерал на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, објави порталот „Аксиос“, повикуваќи се на двајца израелски и американски официјални лица.

Американскиот функционер за „Аксиос“ вели дека Вашингтон сега ќе работи на дипломатско решение за да спречи израелска копнена инвазија во Либан и иранско вклучување во тековниот конфликт.

По убиството на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Техеран претходно оваа година, за што беше обвинет Израел, Иран се закани со одговор.

За да го одвратат Иран, САД распореди свои сили на Блискиот Исток и преку дипломатски канали пренесе пораки со кои сериозно го предупредуваат Иран да не извршува таков напад.

Иран досега беше внимателен да избегне каков било напад врз Израел што би можел да го вовлече во голема војна, но официјалните лица во Вашингтон и Ерусалим се загрижени дека нападот врз Хезболах може да го турне Техеран преку работ.

Претседателот на САД Џо Бајден денеска издаде соопштение во кое вели дека му наредил на секретарот за одбрана „дополнително да ја зајакне одбранбената положба на американските воени сили во регионот на Блискиот Исток за да се одврати агресијата и да се намали ризикот од поширока регионална војна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот