Израел обвини дека Хезболах ги користи цивилите како жив штит

Маневри на Хезболах во Арамта во јужен Либан - Фотографија ЕПА, Ваел Хамзех

Израелската армија (ИДФ) издаде предупредување до жителите на Јужен Либан поради „тешките борби“ во регионот.

„Итно предупредување до жителите на Јужен Либан. Во Јужен Либан има тешки борби. Армијата ги повикува жителите да не ги преместуваат своите возила од северната во јужната област на реката Литани“, објави ИДФ на Икс.

Портпаролот на ИДФ, Авичај Адраи истакна дека Хезболах ја користи „цивилната околина и населението како жив штит“ за да изврши напади врз израелските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот