Израел испратил преговарачки тим да преговара со Хамас за ослободување на заложниците

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху му рекол на американскиот претседател дека одлучил да испрати делегација за да ги продолжи преговорите со Хамас за ослободување на заложниците, објави неговата администрација.

Во телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, Нетанјаху го повтори својот став дека Израел ќе ја прекине својата речиси деветмесечна операција во Газа откако ќе се постигнат сите негови цели, се вели во соопштението.

Израелската телевизија Канал 12 објави дека израелската делегација ќе ја предводи шефот на разузнавачката служба Мосад.

Нејасно е каде треба да се водат преговорите. Египет и Катар досега посредуваа во нив, а состаноци беа одржани и во двете земји.

Израел денеска го доби одговорот на Хамас на предлогот што Бајден го претстави на крајот на мај, а кој вклучува ослободување на 120 израелски заложници од Газа и прекин на огнот во палестинската енклава.

Информиран палестински извор рече дека Хамас, милитантната група која ја контролира Газа, покажала флексибилност за некои елементи кои, доколку ги прифати Израел, ќе овозможат да се постигне поширок договор.

Претседателот на САД, Џо Бајден, ја поздрави одлуката на израелскиот премиер да овласти преговарачи заедно со американските, катарските и египетските посредници да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува и дека заедно со прекинот на огнот ќе оди и ослободувањето на заложниците што ги држеше Хамас.

Сè уште нема информација кога и каде би се одржале преговорите кои се во застој откако Хамас инсистираше Израел да се согласи на целосен прекин на војната и повлекување на израелската армија од Појасот Газа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот