Израел го прогласи генералниот секретар на ОН, Гутереш за „персона нон грата“

Израелскиот министерот за надворешни работи, Израел Кац изјави дека на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш му е забранет пристапот во земјата поради, како што тој смета, неговата антиизраелска пристрасност.

Кац рече дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“ во Израел.

„Секој кој не може недвосмислено да го осуди грозоморниот напад на Иран врз Израел, како што тоа го направи речиси секоја земја во светот, не заслужува да стапне на израелска почва“, напиша тој на мрежата Икс.

Гутереш вчера го осуди „проширувањето на конфликтот на Блискиот Исток, со ескалација по ескалација“ и повика на прекин на огнот во изјавата во која конкретно не се спомнува Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот