Изминатото деноноќие регистрирани 14 пожари

Фото: МИА

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека биле регистрирани 14 пожари во изминатите 24 часа, сите биле изгаснати.

Два пожара биле регистрирани во населба Стопански Двор и покрај улицата „Шарпланинска“ во општина Ѓорче Петров, како и покрај „Качанички пат“. Два пожара се регистрирани и во општина Гази Баба, во Студеничани, а кај селото Долно Количани горело ѓубре. На територијата на Битола биле регистрирани пожари кај Јавното претпријатие „Водовод“ и кај м.в. „Смолево“ – гореле ниска шума и сува трева. Забележани биле два пожара на територија на Гевгелија – гореле дива депонија и сува трева. Регистрирани биле пожари и во Кумановскиот регион и општина Старо Нагоричане.

Изминатото деноноќие биле евидентирани 2.381 повици за итни случаи 112 во ЦУК.

Од ЦУК информираат дека кон полицијата биле упатени 45,84 проценти, кон Итната медицинска помош – 17,53 проценти, кон пожарникарите – 9,21 отсто, а кон АМСМ – 0,23 проценти од повиците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот