Изложба „Ул. Чудни карактери бр. 6“ на 1 октомври во МКЦ

Фото: Приватна архива

„Ул.Чудни карактери бр.6“ е заеднички проект помеѓу академската графичарка Симона Новаковиќ и академскиот сликар Петар Миљковиќ.

При развиванье на делата, двајцата уметници имаат за цел да одговорат на провокацијата: Како може надворешниот арт да се стави на платно во галерија?

Проектот има за цел промовирање на потенцијалот на младите уметници, како и поттикнување на активно учество на младата популација во културниот живот на нашата земја.

Овој проект може да биде ефикасна стратегија за спречување на уличните графити, бидејќи самата таа, за разлика од вандализмот со графити, е легално уметничко дело каде дозвола за обележување на површината е дадена од сопственикот.

Име на изложбата: „Ул. Чудни Карактери бр.6“
Датум: 1 октомври
Место: Младински културен центар
Име и презиме на уметниците: Симона Новаковиќ, Петар Миљковиќ

Фото: Приватна архива

Симона Новаковиќ Миљковиќ родена 1995 година во Скопје.

Симона има завршено во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, отсек Дизајн и текстил на облека, потоа се запишува на Факултетот за ликовни уметности – Скопје, на којшто дипломира на студиската програма графика со графички дизајн.

Симона е ликовен уметник со богато искуство и бројни изложби зад себе, се истакнува како автор чија најранлива и уникатна страна е дигиталната уметност. Нејзините дела се длабоко емоционални, прикажувајќи ја страста со која ги обработува темите кои ја допираат најдлабоко.

По завршувањето на студиите заедно со својот сопруг Петар го отвараат „Eternity Tattoo Studio“, нивното прво студиото за тетовирање, кое веќе активно работи 7 години во Скопје.

Фото: Приватна архива

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот