Излезни анкети: Лабуристите освоија огромно мнозинство на изборите во Британија

photo: Printscreen skynews

По 14-годишното владеење на конзервативците голем „камбек“ за Лабуристичката партија, монументален колапс за конзервативците само пет години откако извојуваа убедлива изборна победа и импресивен настап на центристичките Либерал-демократи и десничарската популистичка партија Реформа.

Според излезните анкети објавени веднаш по завршувањето на националните избори во земјата Лабуристите ќе освојат 410 пратенички места, што е доволно за огромно парламентарно мнозинство.

Тоа ќе му донесе на Кир Стармер 170 места, што пак е најголемиот резултат на партијата досега.

Гласањето на парламентарните избори покажа дека лидерот на лабуристите Кир Стармер ќе биде следниот премиер.

Конзервативците паднаа на само 131 место, што е неверојатен колапс од страна на владејачката партија, според резултатите на објавената анкета.

Либерал-демократите ќе се вратат како трета по големина партија, со 61 место.

„Заморениот“ електорат се чини дека донесе пресуда за Конзервативната партија на премиерот Риши Сунак, која е на власт од 2010 година.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот