Излезе „Културен печат“ број 249 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 249

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 249, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (28-29.09.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Жарко Кујунџиски, главен уредник на „Антолог“: Работата во издаваштвото е алхемичарски потфат

– разговор со Димитрија Доксевски, актер во Драмски театар: Можноста да се работи „Диши“ дојде сосем спонтано

– интернационалната премиера на документарниот филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов ќе се одржи во Прага

– здружението „Култура Бета“ со новиот урбан фестивал „РЕ-култура“ ја ослободува младинската култура

– сликарот Емил Шулајковски одбележува тридецениско творештво со самостојната изложба „Сенки во облаците“ во Чифте амам

– реномираните уметници Лиа и Дан Пержовски изложуваат во Музејот на современата уметност во Скопје

– концерт на „Парусион груп“ во проширен состав ќе се одржи на 4 октомври во „Станица 26“ во Скопје

– седмото издание на фестивалот на камерна музика „Скупи Камерфест“ со пет целовечерни концерти се одржа во Скопје и во Тетово

– Лешочкиот камерен музички фестивал ќе се одржи по четврти пат во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во тетовското село Лешок

– издавачот „Макавеј“ ја објави книгата „Паметење, заборавање и други важни нешта“ од современиот македонски политиколог, дипломат и професор д-р Васко Шутаров

– книгата „Моќта на делото“ во издание на „Полица“ содржи есеи, критички текстови и разговори од поетот и книжевен деец Санде Стојчевски

– книгоиздателството „Матица“ ја објави стихозбирката „Врне ли, врне“ од поетот Ристо Лазаров, со која се одбележуваат 75 години живот на авторот

– во издание на „Перун Артис“ од Битола излезе есеистичката биографија „Во потрага по Мери Шели“ од британската авторка Фиона Сампсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот