Излезе „Културен печат“ број 237 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 237

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 237, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (29-30.6.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со поетот Никола Маџиров за книгата „Шестарот на времето“: Книжевното дело оживува со секое ново отворање на кориците

– разговор со музичкиот новинар Ненад Георгиевски, директор на „Скопје синема сити“: Елементот на изненадување е најважен на фестивалот

– средба со Рамона Моња Кочишка, пи-ар и маркетинг на Д-Фестивал: Подготовките се најклучниот фактор во организирањето на еден фестивал

– ликовната изложба „Чемерски: Низ цртеж, отпосле“ е поставена во галеријата на МКЦ во Скопје

– во меѓународниот центар за современа уметност во с. Цапари од 20 до 27 јуни се одржа јубилејната дваесетта ликовна колонија „Де Ниро“ – Битола

– впечатлива, квалитетна и возбудлива програма донесе штотуку завршената сезона на Националната опера и балет

– издавачката куќа „Арс Ламина“ го промовираше изданието „Книга за Петре (Сите лица на расказот)“ во МАНУ

– најновата стихозбирка „Грозје од кукавица“ од поетот Славе Ѓорѓо Димоски на 27 јуни беше промовирана во Охрид

– група автори промовираа Речник на поими од медиумската писменост за наставниците со Игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот

– студентите на Одделот за џез-музика при Музичката академија – Универзитет „Гоце Делчев“ Штип одржаа концерт во „Аудиокултура“ во Скопје

– независната дискографска куќа „Шарла рекордс“ во следниов период ќе одржи неколку лајв-сесии во „Ла Кања“ (во Старата скопска чаршија)

– во издание на „Корпус деликти рекордс“ и „Кичма рекордс“ во изминатиов период се објавени четири нови винилни изданија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот